Реклама
Балкан

Бугарија: Само што го прими, Жељазков го врати мандатот – нови избори на повидок

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде мандатот за состав на влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде мандатот за состав на влада на ГЕРБ-СДС, а кандидатот за премиер Росен Жељазков веднаш го врати, оценувајќи го како неуспешен и предлагајќи предвремени парламентарни избори да се одржат што е можно побрзо, со конкретен датум 29 март.

Жељазков изјави дека пратеничката група на ГЕРБ-СДС донела одлука формално да го преземе мандатот, но да го врати за да продолжи уставната постапка. Според него, острата политичка реторика дополнително ќе ги подели граѓаните и затоа е потребно што побрзо да се оди на избори.

Овој развој следува по оставката на владата предводена од Жељазков, формирана со мандат на ГЕРБ-СДС. Владата се повлече по масовни протести, кои започнаа околу нацрт-буџетот за 2026 година, а потоа прераснаа во пошироки антивладини демонстрации.