Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Протест на кумановци за ретроактивно оданочување

Незадоволни кумановци кои работеа за американски компании во базите во Ирак и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незадоволни кумановци кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи Куманово. Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот. Причината, како што посочуваат засегнатите, е неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, неземајќи ги предвид реалните околности на нивниот престој и работа во странство. Кумановци побараа надлежните да ги земат предвид доставените докази, пасошите и нивната отсутност од државата 183 дена.

На претходно одржаните два протести кумановци побараа признавање на доказите (пасоши, печати, потврди од работодавци), ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса, укажувајќи дека не бегаат од плаќање на даноци и дека бараат правична и законска примена. Денеска, јавно ги повикаа на средба претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорката на УЈП Елена Петрова и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за да се утврдат нејаснотиите и да се признаат доставените докази, укажувајќи дека имале неофицијална средба со нив.

– Јавно го повикаме премиерот Мицкоски, госпоѓата Петрова и градоначалникот Димитриески да ни ги ислушаат нашите барања и да видиме што понатаму, бидејќи ние имаме докази. Имавме неофицијална средба со премиерот и директорката како што знаете, сигурно се слушнале за таа средба на која ни беа кажани многу работи. Ни посочија дека во секоја подрачна единица ќе се отвори канцеларија каде што ќе имаат тимови, организирани и обучени за овој проблем, дека ќе бидат сослушани сите граѓани не само на Куманово, туку од цела Македонија дека ќе го проолонгираат плаќањето до 31 мај, дека ќе ни бидат признаени сите докази што ги носиме, затоа бараме средба, кажаа Жикица Миланов и Зоран Наковски.

Реклама

Кумановци кажаа дека побарале од американските компании докази за платен данок, но дека УЈП засега не ги признава доставените докази, ниту пак го признава нивното отсуство. Дел од граѓаните побарале докази и од властите во Ирак, кои им кажале дека како странски државјани не можат да им обезбедат таков доказ. Кумановци побараа институциите самите по службен пат да обезбедат докази за платените даноци. Дел од нив имаат од 200, но и прилично високи суми за плаќање на данок кои се движат и до неколку илјадници евра.

Незадоволството почна пред празниците кога на голем број кумановци им стигна известување по електронска сметка, но не и официјални решенија од УЈП дека треба да платат данок за заработените пари од работниот ангажман во компаниите во базите од Ирак и Авганистан. Вакви известувања, како што самите посочија, добиле околу 4.000 кумановци.