Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Грипот во Велес зема замав

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес  драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа  д-р Славица Нешова Пановски.

Таа потенцира дека постојано имаат нови и нови болни со симптоми на грип, кои доаѓаат во Службата за Итна помош, а посебно бројот на заболени со симптоми на грип бил зголемен во деновите на викенд, кога не работат матичните лекари па сите пациенти, лекарска помош бараат во нивната Служба за итна помош. Воедно дел  од пациентите, кои се во потешка здравствена состојба посебно стари и изнемоштени лица, барале и постојано бараат и домашна посета од нивната служба.

 Таа апелира до граѓаните со цел да се заштитат од грип да избегнуваат места каде што има масовно собирање како кафулуња, дискотеки и слично. Болните ги советува да мируваат и да не одат на работа, а децата да не се носат во градинка, да пијат што повеќе течности, топли супи и да внесуваат што повеќе витамини.

Реклама

Д-р Нешова Пановски информира дека нивната служба е со намален број на вработени и деновиве едвај пристигнуваат заради преголемиот број пациенти, кои бараат помош од Итната служба.

Ваквата состојба со зголемен број на заболени со симптоми на грип во Велес, како што рече, е веќе четвртта недела. Започнала една недела пред Нова година, а ескалира од почетокот на новата година, посебно изминатите неколку денови.

Инаку во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во првата недела од годинава во Велес биле регистрирани 109 пациенти со грип. Новиот извештај за последниве денови треба да биде изготвен до средината на оваа недела.