Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Истражување: Верата не треба да биде пречка, туку можност за дијалог

Верата не треба да биде пречка, туку можност за дијалог, сметаат повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верата не треба да биде пречка, туку можност за дијалог, сметаат повеќе од 70 % од анкетираните средношколци и студенти од Православната богословија „Св. Климент Охридски“, Православниот богословски факултет – Скопје, Медресата „Иса-бег“, Филозофскиот факултет – Скопје и Факултетот за исламски науки – Скопје, покажуваат резултатите од истражувањето за ставовите на младите кон религијата, етиката и секојдневните предизвици, спроведено во текот на 2025 година, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

За 81 %, религијата има значително влијаение врз нивното секојдневно однесување, а за 62 % – игра важна улога во нивниот личен живот.

Значително мнозинство го поддржува воведувањето на етиката и религијата во формалното образование како механизам што активно помага во справувањето со нивните секојдневни предизвици.

Реклама

Целта на истражувањето беше да се измери како младите ги перцепираат религиозноста, етиката и моралните вредности во контекст на секојдневниот живот и психосоцијалните предизвици, вклучувајќи го и нивниот став за воведување на религијата во формалното образование.

Истражувањето е презентирано на Третата светска конференција за меѓурелигиски дијалог, која се одржа во Крушево од  23 до 26 јуни 202 година, каде што се отвори поширока дебата за улогата на религијата во образованието, етиката и благосостојбата на младите.

Трудот е објавен во меѓународното научно списание The Journal Religious Dialogue and Cooperation на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое публикува оригинални и рецензирани научни трудови од областа на религијата.