Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи

Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека  во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри. 

Во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селотол Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде што сè уште има излевање и се поплавени поголеми земјоделски површини.
Во Ресен, како последица на поројните врнежи, поплавени се земјоделски површини, но водата постепено се повлекува откако вчера е интервенирано со една градежна машина за расчистување на коритото на Голема Река.

Во Југозападниот Регион, во Охрид, на реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање. Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации. Во струшкото село Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини. Процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување пропуст за истек на водата. Во Калишта има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението.

Реклама

ЦУК информира дека во Дебар реката Радика има зголемен водостој, но засега нема опасност од излевање. Патните правци се проодни, со помали одрони на делниците Жировница – Дебар и Дебар – Струга, кои редовно се расчистуваат.

Во Западниот Регион, во Кичево, водостоите на Зајашка Река и на реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е расчистување на поплавените домови, дезинфекција и создавање минимални услови за престој. Евакуираните лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што им е обезбедена неопходна грижа.

Во Вардарскиот Регион, во Кавадарци, во ридско-планинските подрачја интервенирано е со механизација на патните правци Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава, каде што снежната покривка изнесува до 15 сантиметри. 

Во Североисточниот Регион, во Ранковце, патниот правец с. П’клиште – с. Герман е непрооден поради снежни наноси. Во тек е расчистување. Патот од с. Герман до с. П’клиште е со кашест снег,л што го отежнува сообраќајот.

Во Полошкиот Регион, воТетово, на патниот правец Тетово – с. Бањиче имало падната голема карпа на коловозот. Патот е расчистен и сообраќајот е нормализиран, а во Гостивар, на патот кон  Маврово, кај каменоломот, е евидентиран одрон и се преземаат активности за негово расчистување.