Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и во Тетово

Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми, дворови и неколку објекти во градот. Некои водотеци се излеани, локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, а екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат и ја отстрануваат водата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат, во Кичево и околните населби се појавува вода во подрумските простории и на дел од површините.

– Некоио од граѓаните се евакуирани и сместени во привремени објекти со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплави се забележуваат на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината и Црвен крст – Кичево обезбедуваат сместување, храна и лекови, ЈП „Комуналец“ интервенира на локациите со излеана вода, а екипи на итната медицинска помош ја обезбедуваат здравствената заштита на евакуираните лица, соопшти ЦУК.

Реклама

Во регионот на Битола, додаваат, зголемен е водостојот на локалните реки со појави на локални излевања, при што се поплавени куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Механизацијата на општините е на терен за санација на штетите, а кризниот штаб организира приоритети за дејствување на екипите што се на терен.

– Во Тетово и околината има пријави за уривање потпорни ѕидови и локални излевања водотеци. Полициските службеници извршуваат увид на местата со уривање ѕидови, а механизацијата на општината интервенира за расчистување свлечишта и санација на штети, посочи ЦУК.

Во Гостивар и околината, како што велат, се регистрирани поплави на локални патни правци и во неколку населени места. Екипите на ЈП „Комуналец“ интервенираат на локациите со поплавена инфраструктура, а механизацијата од Водостопанство излегува на терен за чистење свлечишта и санација на штети.