Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Честитка од Стоилковиќ за Божик: Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија

По повод празникот Божик, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод празникот Божик, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати искрени честитки до сите верници од христијанска вероисповед.

-Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија. Божиќните празници нека придонесат кон продлабочување на семејните и општествените вредности, негување на солидарноста и унапредување на меѓусебното разбирање. Во духот на празникот, посакувам овие денови да бидат исполнети со стабилност, лична и семејна благосостојба и уверување дека преку соработка и одговорност можеме да придонесеме за напредок и заедничко добро. На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ. Христос се роди! Вистина се роди! Нека е честит и благословен Божик,
порача потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.