Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Бадник во Делчевско – приказна за традицијата и радоста

Во Пијанечкиот крај, Бадник е ден полн со мириси, вкусови и обичаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пијанечкиот крај, Бадник е ден полн со мириси, вкусови и обичаи што се предавале од генерација на генерација.

Ранка Трајановска, родум од Раловци, раскажува како се подготвувале домаќинките за празнување на Бадник, ден пред Божик.

– Најпрвин ставаме слама под масата, ја постеламе со чаршав и палиме свеќа, свртена кон исток. На трпезата секогаш има баница, зелник, ‘царевица’, ‘шушелки’ – суви сливи, печенки, тиква, пиперна сол, ‘лутеница’ од компир и грав, посен грав, овошје, јаболка, круши… Сè што ќе донесе Божикот, раскажува Трајановска.

Реклама

Најстариот член на семејството го крши колачето со паричка, го дели прво на Богородица, па на Господ и потоа на сите членови во семејството. Пред тоа, сите го повикуваат Господ на вечера со зборовите: „Ајде Дедо Боже да вечераме“. 

Кога паричката ќе се падне, среќникот се благословува, а паричката цела година се чува во чаша со црно вино за купување на темјан – симбол на благослов и среќа.

Ранка, која деновите пред Бадник ги минува во центарот на градот продавајќи јаболка, сув пипер, пченка, тиква и други органски производи, вели дека и покрај намалените можности на граѓаните, радоста што ја гледа на нивните лица ѝ дава задоволство.

Во поново време, со доаѓањето на Бадник, улиците на Делчево се полнат со смеа, песни и светлина. Од црквата „Успение на Пресвета Богородица“, низ градот се движи Бадниковата поворка, по улиците кон параклисот „Св. Климент Охридски“ и назад, објавувајќи го раѓањето на Христос како кога ангелите некогаш го објавиле доаѓањето на Спасителот. 

-И годинава предвидено е по завршувањето на поворката за сите учесници да бидат поделени скромни подароци, додаваат од црквата.

Во овие денови, пред Христовото раѓање честитка до граѓаните пристигна и од епископот на Делчевско-каменичката епархија г.Марко.

-Возљубени во Богомладенецот Христос, браќа и сестри! Христос се роди! Да ги отвориме срцата наши за безграничната љубов Божја, да ги прославиме празниците достојно, со молитва и литургија. На Бадник и на Божик ќе имаме можност за заедничко празнување, песни и трпеза на љубовта во храмовите. Христос се роди! Среќно и бериќетно новото 2026 лето Господово.“, порачува епископот на Делчевско-каменичката епархија.

Бадник и Божик во Делчевско е повеќе од празник – тоа е приказна за верата, традицијата и заедништвото, која се живее во секој детал: од сламата под масата до последната нота на божикната песна.