Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Рамов: Во буџетот на Кавадарци милион и пол денари за поддршка на здравствената заштита

 Во буџетот за 2026 година на Општина Кавадарци, има финансиски средства од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Во буџетот за 2026 година на Општина Кавадарци, има финансиски средства од милион и пол денари, од кои милион и двеста илјади денари за Општата болница Кавадарци за сервис на најмногу употребуван апарат, сто илјади денари за организирање симпозиуми по барање на приватни стоматолози, а околу 200 илјади, за првпат, за здружение за дијабетичари, формирано со цел превенција од дијабет.

За ова информира претседателот на кавадаречкиот општински Совет, доктор Стојанче Рамов. 

– Овие финансиски средства се и тоа како важни за здравствената заштита на нашата територија, опфатени се и примарната и секундарната здравствена заштита, подвлекува тој. 

Реклама

Регионалната Општа болница со проширена дејност Кавадарци, покрива четири општини, се грижи за пациентите од кавадаречка, неготинска, росоманска и демиркаписка територија. Но, по потреба, како што велат од болницата, здравствено згрижуваат и пациенти од други региони.