Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Автопати, пруги, гасоводи – 2025 ја одбележа голем градежен бум

2025 година во Македонија се затвора како година на изградба и поврзување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2025 година во Македонија се затвора како година на изградба и поврзување со соседите. Патиштата и пругите не останаа само линии на мапата, туку профункционираа во секојдневниот сообраќај. Амбициозниот старт се насетуваше уште на почетокот на годината. Уште во првата недела од јануари на североистокот на земјата, се пушти во употреба експресниот пат Крива Паланка – Страцин.

Истиот месец беше пуштена и првата делница од патот Градско – Прилеп, а потоа и 30 километри железнички шини што водат кон Бугарија, на потегот Куманово – Бељаковце.

Уште на средината на јануари заврши т.н. новогодишна кошничка за цените колку толку да се држат на издржливо ниво. Се организираа неколку бојкоти на маркети, откако беа откриени картели за држење на цените во малопродажбата на високо ниво.

Реклама

Имаше уште еден сет мерки, но по истекот на нивното времетраење, инфлацијата пак почна да расте, за во последните неколку месеци да се стабилизира на 4%. Потрошувачите апелираа инспекциите да ги засилат контролите за да спречат злоупотреби од трговците.

Речиси цела година продолжија дебатите околу покачувањето на минималната плата повеќе од законски предвиденото. Владата чека на договор меѓу газдите и работниците кои се уште се со дијаметрално спротивставени ставови.

Компаниите со веќе подготвени проекти ги дочекаа поволните кредити од деловните банки обезбедени со заем од Унгарија. Особено голем интерес имаше кај фирмите од прехранбената индустрија. До крајот на годинава се потроши речиси целата сума од 250 милиони евра.

Во силен инвестициски циклус се и локалните власти. И покрај застојот поради локалните избори, се градат патишта, водоводи, пречистителни станици, училишта, спортски сали.

Годинава беше склучено и стратешкото партнерство со Британија. 6 милијарди евра во проекти ќе значат поголем напредок на македонската економија. Владата одлуки со над милијарда евра да гради брза пруга долж коридорот 10.

Се редеа инвестициите во енергетиката. Турската „Казанџи холдинг“ ќе гради когенеративни централи.

Во јули почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој треба да биде готов во 2027-ма година.

Македонското стопанство плаќа повисоки царини за извоз во САД. Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп за целиот свет, предизвикаа глобални потреси.

На сметките на над 300 илјади пензионери легнаа дополнителни 3.500 денари годинава. Првиот пат имаа покачување во март од 2.500 денари, а вториот пат во септември од 1.000 денари линеарно.

Сепак предметот пред Уставен суд за оценување на линеарното зголемување од 1.000 денари ги разгневи. Револтот ескалираше и тие протестираа пред Уставниот суд.

Годинава што завршува треба да биде солидна на економски план со раст од 3,8%. 2026-та почнува со нови планови и проекти, но и со дел од старите желби – подобра инфраструктура, поажурна администрација, повеќе кредити за фирмите, повисок стандард за граѓаните.