Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Половина од семејниот буџет оди за храна, најмногу се јадат месо, леб и компир

Леб, млеко, месо, јајца, овошје и зеленчук. Просечно домаќинство најмногу пари или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Леб, млеко, месо, јајца, овошје и зеленчук. Просечно домаќинство најмногу пари или речиси 160 илјади денари годишно троши на храна и пијалоци. Според податоците на Заводот за статистика, половина од парите одат за оваа намена. Македонците најмногу купувале месо или 38 397 денари и тоа претежно пилешко, а најмалку овчо  и јагнешко.

По месото, најголем дел од буџетот за храна одел за млеко, млечни производи и јајца, за што биле потребни 30.411 денари. Секое домаќинство купувало повеќе од  172 килограми леб и 64 килограми компир годишно.

Во просек се пиеле 182 литри безалкохолни пијалоци на годишно ниво. Од алкохол најмногу се пиело пиво – 28,6 литри годишно, по што следи консумацијата на вино и жестоки пијалаци.

Реклама

За зеленчук се издвојувале над 21 илјади денари, а најмногу се јаделе домати и пиперки, додека најчест избор на менито за ручек , кај Македонците останува гравот.

За овошје пак се трошеле близу 10 илјади денари, а притоа најмногу се консумирало она што не се одгледува во земјава, односно јужно овошје, по што следат јаболката и лубеницата.

Се чини Македонците најмалку консумираат риба. За купување потрошиле нешто над 4 илјади денари.

За шеќер и чоколади се издвојувале во просек по 7 409 денари годишно. Семејствата годинава трошеле над 14 илјади денари за цигари и тутун, а за кафе, чај и какао по скоро 5 илјади денари.

Податоците за потрошувачката се добиени врз основа на анкетата на 5000 домаќинства.