Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка

Во штипскиот Основен суд денеска по две одложувања започна судењето на познатиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипскиот Основен суд денеска по две одложувања започна судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков – Грофот, кој е обвинет за убиство на неговата мајка. Според обвинението Зарков на 8 август со нож ја убил својата мајка. Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип, Тања Кацарова во своите воведни зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, отценувајќи го делото како длабока повреда на општествените и морални вредности.

-Станува збор за насилен чин извршен од најблискиот член на семејството, во случајот од родениот син кон родената мајка, како лице кое му дала живот на обвинетиот и се грижела за него до последниот здив. Таквиот чин на мајкоубиство од родениот син остави трајни последици не само во семејството, туку и во општеството во целина, рече Кацарова.

Бранителот, Донче Стаменков, кој на обвинетиот Зарков му е додолен по службена должност рече дека обвинетиот нема мотив, а  ниту имал умисла да ја убие 84 годишната жена, затоа побара ослободителна пресуда.

Реклама

-Сите докази доставени од Обвинителството, сами по себе со контрадикторни, со кои не може да се докаже дека обвинетиот го има сторемно кривичното дело, рече Стаменков.

Обвинетиот Зарков даде исказ и посочи дека не се сеќава на таа ноќ. Инаку, според обвинителниот предлог  на 8 август, околу два часот по полноќ, Зарков, со нож ја усмртил својата мајка, а потоа случајот самиот го пријавил.