Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ДКСК: Нема неправилности и судир на интереси при избор на доценти на на Институтот за судска медицина при УКИМ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја запре постапката по анонимна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја запре постапката по анонимна пријава за наводни неправилности и судир на интереси при избор на доценти на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во пријавата се наведувало дека раководителот на институтот незаконито постапувал при избор на две лица во звање доцент, а за едниот кандидат се оспорувала целата постапка, додека за другиот се тврдело дека постои судир на интереси.

По барање на ДКСК, Државниот просветен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор и констатирал дека нема неправилности во постапката. Дополнително, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Основниот граѓански суд исто така утврдиле дека нема прекршувања на законските одредби.

Реклама

Во однос на наводите за судир на интереси, службеното лице доставило изјава под морална и кривична одговорност дека нема роднински, брачни или финансиски врски со избраниот кандидат.

Државната комисија за спречување на корупција ја отфрли и пријавата поднесена од познат подносител, во која се тврди дека бил изложен на изнуда на пари и закани од вработени во Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство, судии и судски службеници.

Во пријавата дополнително се наведува дека поранешен претседател на Основен суд организирал да не се постапува по неговиот предмет.

-Констатиравме дека согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, пријавата не содржи јасни наводи кои укажуваат на незаконити или недозволени дејствија на службени лица при вршење на јавни овластувања или службени должности, се наведува во заклучокот на Комисијата.

ДКСК потсетува дека во однос на пријавата против претседателот на Основниот суд, Комисијата веќе постапувала во 2021 година. Поради тоа, предложено е постапката да се отфрли, а одлуката беше едногласно донесена на денешната седница.