Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МОН го објави конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за научно остварување објавено во 2025 година

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека објавен е  конкурсот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека објавен е  конкурсот за додeлување на државната награда „Гоце Делчев“, со која се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на државата.

Наградата, како што се посочува, во 2026 година се доделува за научно остварување објавено во 2025 година. Наградата се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство.

Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги. Поединец или иста група автори може да биде добитник на наградата во истата област само еднаш. Член од група автори може како поединец да биде добитник на наградата за друга книга или дело во истата област. Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани, информираат од МОН.

Реклама

Конкурсот за доделување на Државната награда „Гоце Делчев“, може да се види на следниот линк.

Предлозите за доделување на наградата и примероците од научните остварувања треба бидат поднесени до 13 февруари до Министерство за образование и наука – Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев” 1000 Скопје,„Kирил и Методиј” бр. 54.