Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Бизнисот со позитивни реакции, очекува инвестиции во железничкиот сектор

Набавката на нови електрични локомотиви чекор напред кон побрз железнички товарен транспорт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набавката на нови електрични локомотиви чекор напред кон побрз железнички товарен транспорт на стоки. Бизнис заедницата позитивно гледа на новиот договор кој Владата го склучи за набавка на најмалку 5 нови локомотиви кои треба да бидат столбот на модернизацијата на железничкиот карго превоз во земјава. За македонските компании е клучно што е можно побрзо да ги набавуваат суровините, но и да ги транспортираат стоките до потрошувачите. Железницата која долги години беше запоставен сектор конечно добива нови вложувања. Ова заедно со проектот за изградба на брзата пруга од Табановце до Гевгелија е едно од клучните барања на бизнис заедницата за поголем економски развој.

Паралелно со изградбата на брзата пруга долж Коридорот 10, се модернизира и Коридорот 8. Откако Македонија и Бугарија договорија конечно заеднички да го градат тунелот на самиот граничен премин од 2,4 километри, се откочи овој проект. На стартот на годинава беше пуштена во употреба првата фаза од пругата кон Бугарија од Куманово до Бељаковце, а интензивно се гради и вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка. Истовремено се работи и на модернизација на железничката станица во Скопје. Целосно ќе се реконструира и железничката линија од Скопје до Кичево. Со 5,3 милиони евра ќе се изработува физибилити студија, треба да избере фирма консултант за изработка, а по истекот на 18 месеци, ќе стартува изградбата. Како дел од борбата против загадувањето во Скопје, стратуваше и проектот градски воз. Сите овие проекти треба да го забрзаат транспортот на стоки и луѓе и ја подобрат значително финансиската состојба на Македонски Железници.