Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Муамет Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање        

Муамет Хоџа денес официјално стапи на функцијата министер за животна средина и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Муамет Хоџа денес официјално стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата.

На првиот работен ден, Хоџа, како што информират од МЖСПП,  одржал работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во министерството, при што бил информиран за тековните состојби, активните проекти и клучните предизвици со кои се соочува ресорот, нагласувајќи дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, зајакнување на инспекцискиот надзор, транспарентна и отворена комуникација со јавноста, како и целосно усогласување со Европскиот зелен договор и обврските што произлегуваат од процесот на европска интеграција.

Хоџа, исто така, најавил активно вклучување на граѓанските организации, научната и академската заедница, локалните самоуправи и сите други релевантни чинители во насока на изнаоѓање најдобри решенија за еколошките предизвици на замјата.

Реклама

Министерот Муамет Хоџа, доаѓа на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, заменувајќи го претходниот министер Изет Меџити, кој на функцијата министер и прв вицепремиер беше изминативе 18 месеци.