Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Клековски: Матичните лекари ќе бидат казнети доколку ги надминат квотите за препишување антибиотици и анксиолитици

Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Втората мерка која ја планираме, посочи тој, е Е-рецепт, кој во основа треба да обезбеди позадинска контрола на индикациите и дозирањето, бидејќи ние во основа имаме загуба и во несоодветно препишување, меѓутоа и несоодветно препишување во смисла на дозирање, издавање поголеми колични што се неопходни.

Појасни дека треба да се донесат уште два правилници, веќе е обезбедена интероперабилноста меѓу различните системи, тестиран е Е-рецептот кај матичен лекар и во аптека и очекуваат да стартува во 2026 година.

Реклама

– Системот ќе ги заштити и докторите од притисоците да се пропише готова терапија, бидејќи ние знаеме дека некогаш притисокот доаѓа и од осигурениците, од граѓаните дека сакаат некој лек да го добијат без оглед дали тој е соодветен за нивната индикација. Важно е и јакнењето на јавната свест. За нас најкритична е употребата на сумамед, кој треба да биде антибиотик за последна линија на одбрана, а минатата година имавме 23 отсто зголемување во неговото издавање, рече Клековски.

Потенцира дека средствата за ставање нови лекови на позитивната листа, според прелиминарните податоци, се зголемени за околу пет милиони евра, од 3,2 на 3,5 милијарди денари, што спроед него, не е одраз на зголемувањето на бројот на лекови на листата, туку е одраз на зголемената консумација.

– Е-рецептот ни е неопходен заради контролите и намалување на неоправданата употреба за да ја зголемиме оправданата употреба на лекови. На позитивната листа се уште имаме премногу стари, евтини лекови кои се лесно достапни, а ни недостигаат малку поскапи лекови од новите генерации кои не се на листата, додаде Клековски.