Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Балкан

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција.

Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги олеснат празничните патувања на граѓаните, со што, во координација со полицијата, делумно ги повлекоа тракторите. Паралелно, како што вчера објави МИА, до петок нема да ги блокираат ниту граничните премини Евзони и Ники кон Македонија. Грчките земјоделци, иако ги отворија автопатиштата, сепак велат дека не се откажуваат од нивните барања и Божиќ ќе го поминат на блокадите, онаму каде што се паркирани нивните трактори, а се очекува во петок да одржат нови состаноци за да ги одредат нивните следни чекори.