Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Инфлацијата се стабилизира – Народната банка интервенира и со купување благајнички записи

Продолжува падот на цените на производите и услугите. Гувернерот на Народната банка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува падот на цените на производите и услугите. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески вели дека инфлацијата бележи надолен тренд, а во некои летни месеци имало и дефлација. Поради ниската споредбена основа од лани кога важеа мерки за стабилизација на цените, инфлацијата е се уште на ниво од околу 4%, но гувернерот очекува таа да се намалува до нивото меѓу 2,5 и 3% следната година.

Народната банка излезе и со одлуки кои ќе придонесат за побрз одговор на монетарната власт во борба против инфлацијата. Се менува структурата во тргувањето со благајничките записи. И покрај тоа што нема промени во референтната каматна стапка од 5,35%, се зголемува обемот на издавањето на благајнички записи со камата од 4%, преку кои Народната банка повлекува значителен дел од вишокот средства од деловните банки.

„Новата оперативна поставеност предвидува еден основен инструмент, благајнички записи со рочност од 7 дена, со каматна стапка околу која е поставен симетричен коридор на каматните стапки, за разлика од претходната поставеност кога како основен инструмент се користеа благајнички записи со рочност од 42/49 дена и беше применуван асиметричен коридор на каматните стапки. Скусувањето на рочноста на основниот инструмент на седум дена овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, врз коишто централната банка има подиректно влијание“ – вели Трајко Славески – гувернер на Народна Банка.

Реклама

Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4%. Од Народната банка велат дека се намалени притисоците од увозните цени. Економскиот раст во третиот квартал бил 3,8% на годишна основа, а податоците за индустриското производство и домашната побарувачка покажувале дека БДП ќе забележи повисок раст во последните три месеци од годината. Главните ризици доаѓаат однадвор и се главно резултат на геополитичките поместувања.