Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Македонската берза ги додели годишните награди

На свечена церемонија во Скопје вечерва беа доделени Годишните награди на Македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На свечена церемонија во Скопје вечерва беа доделени Годишните награди на Македонската берза за 2025 година.

Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст на цена годинава е Макпетрол АД Скопје. Акција со најголем пораст на промет, пак, е Стопанска банка АД Скопје.

Во категоријата за остварувања на овластени учесници на македонски пазар на хартии од вредност, Еурохаус АД Скопје ја доби наградата за бронзена членка, Илирика Инвестментс АД Скопје сребрена, а Комерцијална банка АД Скопје златна.

Реклама

Наградата за придонес во областа на едукација и развој на пазарот на хартии од вредност ја понесе Bloomberg Adria.

Признанието за најтранспарентно котирано акционерско друштво „Кристално ѕвоно“ по избор на пазарните учесници беше доделено на Комерцијална банка АД Скопје, а по избор на медиумите наградата ја доби Реплек АД Скопје. 

За „Акција на годината“ беше прогласена Комерцијална банка.

Посебни признанија за добри ESG практики беа доделени на А1 Македонија ДООЕЛ, Алкалоид АД Скопје, Атлантиц ГРАНД Скопје ДОО, НЛБ Банка АД Скопје и ТИТАН Усје АД Скопје.

Претседателот на Македонската берза, Иван Штериев, ја оцени изминатата година како период на стабилизирање по рекордната 2024 и како време на подготовка за големи интеграциски чекори.

Во своето обраќање тој нагласи дека глобалните берзи продолжуваат со позитивен тренд и покрај турбуленциите, а македонскиот пазар бележи благо смирување, но сепак останува во добра кондиција.

-Зад нас имаме една помирна, но релативно добра берзанска година и може слободно да кажеме дека сме задоволни. Перформансите и дивидендите на најликвидните котирани компании, особено банките, ја задржуваат својата позитивна траекторија и тоа, се надеваме, ќе има свој импакт и наредната година. Овој голем стратешки чекор мора да се направи во 2026 година, бидејќи интеграцијата со европските стандарди е неминовна и ќе отвори нови можности за македонските компании, рече Штериев.

Годишните награди Македонска берза ги доделува од 2021 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.