Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Одбележани 100 години од раѓањето на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“

НУ Завод и Музеј-Битола свечено ја одбележа 100 годишнината од раѓањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

НУ Завод и Музеј-Битола свечено ја одбележа 100 годишнината од раѓањето на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“ и промовира Спомен соба со оставината на композиторот.

Пред аудиториумот во Битола, вечерва беше прочитана телеграма од претседателката Гордана Силјановска Давкова, во која беше нагласено дека денешниот настан е особено значаен за македонската музичка уметност и за македонската култура.

-Отворањето на Спомен собата на Кирил Македонски не е само оддолжување кон делото на композиторот, туку доказ за колективната меморија и почит кон неговото музичко творештво. Се додека ја слушаме неговата музика ќе биде жив и духот на Кирил Македонски. Се додека е живо делото на нашите музички великани, ќе биде жива и македонската култура, беше посочено во телеграмата на претседателката Силјановска Давкова.

Реклама

Според Марија Станчевска Ѓоргова, државен секретар во Министерството за култура и туризам, Кирил Македонски е човекот кој го постави темелот на нашата национална музичка традиција.

-Првата македонска национална опера „Гоце“, е дело кое не е само музички подвиг, туку симбол на нашето културно будење создадено во тешки услови, но со непоколеблива љубов кон македонскиот дух. Денес во годината на неговиот јубилеј и со отворањето на Спомен собата, ние не само што се сеќаваме, туку го оживуваме неговото наследство. Неговата музика, продолжува да не инспирира, да не обединува и да не потсетува на силата на македонскиот творечки дух, истакна Станчевска Ѓоргова, на вечерашната свеченост во Битола.

Кирил Македонски, роден 1925 година во Битола, автор на првата македонска национална опера „Гоце“  е автор на уште две други опери, а тоа се „Цар Самуил“ и „Илинден“, како и музика за филмот „Македонска крвава свадба“.

-Овој ден е посебен за нашето семејство, но и за целата македонска јавност затоа што оставнината на мојот татко Кирил и неговата желба искажана во неговиот тестамент се исполнети. Собата со неговите лични предмети е одраз на неговата волја да се добие работен кабинет во кој вечно ќе бидат презентирани неговите дела, истакна Пламенка Македонска, ќерка на Кирил Македонски.

Во Спомен собата на Кирил Македонски во НУ Завод и Музеј-Битола изложен е и клавирот долги години чуван во некогашното Радио Битола, а на кој авторот ја компонирал првата македонска национална опера „Гоце“.