Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Економија

Сметките за струја ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата во првиот блок, до 900 денари за „трошаџиите“ од четвртиот

Сметките за струја поскапуваат од 57 денари месечно за оние кои најмалку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сметките за струја поскапуваат од 57 денари месечно за оние кои најмалку ја користат до 900 денари за најголемите трошаџии. Регулаторната комисија за енергетика ја корегираше одлуката од ЕВН Хоум и наместо бараните 7,66%, им одобри во просек зголемување на цената за 2,28%. Во оваа група влегуваат 64% од вкупниот број домаќинства, или над 517 илјади потрошувачи. Пораст има и кај евтината тарифа, но наместо бараните 3,96% биле одобрени 2,5%. Во првиот блок, зголемувањето изнесува 2,45%, во вториот 2,87%, во третиот плус 3,32%, а во 4-тиот 3,84%.

Од Регулаторната комисија за енергетика им препорачуваат на малите потрошувачи да размислат за премин на слободниот пазар, бидејќи струјата во моментов е поевтина за околу 30% во однос на цената на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Крајниот пораст на сметките за струја е резултат  и на намалувањето на трошоците за мрежарина за 4,96 отсто. Во однос на месечниот надоместок од 200 денари кој што се пресметува на сметките на струја, Бислимоски рече дека тој е неопходен, бидејќи доколку се укине, тогаш ќе предизвика значително зголемување на цената за блоковите. Доколку ЕВН Хоум не е задоволна од одлуките на регулаторната комисија има право на жалба. Од РКЕ објаснуваат дека формирањето на тарифните блокови на потрошувачи ги „спасило“ граѓаните од поголемо поскапување на струјата. Дополнително, сметаат дека цената на струјата е стабилна, со оглед на состојбите на берзите поради геополитичките случувања. Новата цена ќе важи за цела наредна година.