Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Нов состав на Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност има нов состав, соопшти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност има нов состав, соопшти Министерството за образование и наука.

Новите 15 члена на Националниот совет се:  проф. д-р Димитар Трајанов, проф. д-р Соња Лепиткова, проф. д-р Билјана Трајковска, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Дренуша Палоши, проф. д-р Кристина Скепаровска, Стефан Момир, проф. д-р Валентин Мирчевски, проф. д-р Наталија Атанасова Панчевска, Никица Мојсоска -Блажевски, проф. д-р Ана Тромбева, доц. д-р Марко Спасов, доц. д-р Мурат Алиу, проф. д-р Бертон Сулејмани и проф. д-р Агим Хазири. 

По истекот на мандатот на претходниот состав, избраниот нов состав во следните четири години ќе работи на унапредување на квалитетот на високото образование, интензивирање на научно-истражувачка дејност и поттикнување на меѓународната соработка „како алатка за идентификување и прифаќање на добрите практики со цел приближување на македонскиот до европскиот систем за високо образование“.

Реклама

-Министерката за образование и наука Весна Јаневска која, согласно закон, ја организира конститутивната седница, ги поздрави новите членови, им посака успешна работа и им се заблагодари на досегашните членови. Таа нагласи дека во наредниот период пред Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност претстојат повеќе значајни активности, меѓу кои и усвојување на новата формула за финансирање на високото образование, како и новите закони за високо образование и за научно-истражувачка дејност, информира МОН.