Реклама
Македонија

Промоција на проектот „Идејна виртуелна реконструкција на Маркови кули – Водно, Скопје“

Во просториите на Советот на Град Скопје денеска ќе се одржи промоција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Советот на Град Скопје денеска ќе се одржи промоција на проектот „Идејна виртуелна реконструкција на Маркови кули – Водно, Скопје“, поддржан од Министерството за култура и туризам.

Како што соопштуваат организаторите, проектот претставува значајна иницијатива за дигитална презентација и оживување на еден од највредните културно-историски локалитети во Скопје, со цел негово доближување до јавноста, институциите од областа на културата и образованието, граѓаните и туристичката промоција на градот.

На настанот е предвидено обраќање на проф. д-р Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје, како и презентација на проектот од страна на проф. д-р Антонио Јакимовски (доктор по археолошки науки), м-р Кирил Денковски (магистер по археолошки науки) и проф. д-р ЕлизабетаТомевска-Илиевска (доктор по педагошки науки).