Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина и вечерва предизвика  откажување и доцнења на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Густата магла во скопската котлина и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци.

Според информациите од веб страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул и Цирих, за Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус за задоцнето полетување и слетување.  Претходно аеродромскиот оператор соопшти дека поради маглата во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денеска напладне, авиокомпаниите откажале 20 лета, пренасочиле еден лет, а 11 часот слетале авионите од Дортмунд и од Виена. Вчера од 00:00 часот до 18 часот, како што информираа од ТАВ Македонија имало 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетале и три авиони полетале после пладне, кога се подобриле временските услови.

Од АМСМ, пак, во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот вечерва информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Жировница – Луково, а до 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, соопшт АМСМ, потсетувајќи дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Реклама

УХМР најави дека до крајот на денов по котлините ќе се задржи магливо. Појава на магла ќе има и утре по одделни котлини, исто така  и задутре кога кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.