Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје.

Централна церемонија по повод 21 декември Ден на настава на турски јазик ќе се одржи вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со обраќање на претседателот на ТИКА, Абдуллах Ерен и концерт на турскиот пејач Кирач.

Претходно во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи свечен прием по повод Денот на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје.

Реклама

Вчера беа одржани церемонии за предавање на два проекти реализирани од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Отворање на целосно реновираниот и опремен со средства обезбедени преку ТИКА на Здравствен дом Пласница и свечено отворање на лабораториите и церемонија за донација на возила на Јавната установа Хидробиолошки институт на Македонија во Охрид.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која присуствуваше на свечената церемонија во Охрид, во обраќањето пред присутните изрази задоволство што само три месеци кога на одбележувањето на 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот била најавена донацијата, денес веќе ја има својата реализација.

Станува збор за донација во опрема, за која беше истакнато дека не е насочена само кон зајакнување на капацитетите на Институтот, туку претставува инвестиција во науката, во заштитата на природното наследство и во иднината на водните еко-системи.

Со поддршка на турскиот народ целосно се реновирани и опремени одделенијата за фито за зоопланктон на Институтот, современ микроскоп со микроскопска камера за потребите на двете одделенија, како и ново теренско возило.

Директорот на ТИКА, Абдула Ерен, рече дека Агенцијата веќе дваесет години реализира бројни проекти во многу области во Македонија.

– Досега се реализирани над 1300 проекти во повеќе области. Главна цел на тие проекти е зацврстување на постоечките односи меѓу Македонија и Република Турција, рече тој.

Амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, порача дека Турција секогаш била на страната на нашиот пријател и сојузник – Македонија, со која, како што рече, „споделуваме заеднички историски, културни и човечки врски уште од нејзината независност“.

ТИКА, како турска државна агенција, повеќе од две децении е активна во Македонија, реализирајќи бројни проекти за подобрување на инфраструктурата, здравството и образованието.