Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

Со свечена академија продолжија активностите за одбележување на јубилејот 80 години од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена академија продолжија активностите за одбележување на јубилејот 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово.  На свеченоста која ја организираше Библиотеката беа доделени признанија на вработените со над 20 години работен стаж, на шест пензионирани библиотекари, на најредовните читатели како и на Општина Тетово и Министерството за култура и туризам. Воедно со краток документарен филм беше претставен историскиот развој на библиотеката и предизвиците со кои се соочила институцијата во овие осум децении на постоење.

Во пригодното обраќање директорот на Библиотеката, Бинас Пајазити посочи дека денес имаат 150 илјади единици и 120 илјади наслови и се трудат што повеќе да бидат услужени граѓаните кои сакаат да читаат.

-Нашата цел е да бидеме што повеќе услужни преку проектите што ги реализираме. Оваа година реализиравме 15 проекти, за идната година планираме да аплицираме, за да реализираме 20 проекти. Значи самиот факт што е зголемен волумен на работа, ние покажуваме дека сакаме да бидеме на максималното ниво на услужување на сите граѓани и читатели кои се дел од нашата библиотека преку нашите проекти со кои се опфаќаат сите категории на читатели. Планираме да во иднина се прошириме со нашата работа, а тоа е Националната библиотека да стане Универзитетска библиотека. За тоа се некои предуслови потребни, а тоа што го чекаме со години е новата зграда. Се надевам дека во иднина политиката ќе ја даде својата рака во смисла на поддршка за овој објект, истакна Бинас Пајазити.

Реклама

Биљал Касами, градоначалник на Тетово, истакна дека како локална самоуправа се определени постојано да бидат поддршка на библиотеката и да инвеститираат во образованието и културата.

-Библиотеката придонесува кон градење на општеството основано на знаење, толеранција и меѓусебна почит. Искрена благодарност до сите биле библиотекари, директори, вработени и соработници кои изминатите 80 години вложиле труд љубов и професионалност. Вашата работа, а можеби и тивка, но нејзиното влијание е длабоко и трајно, истакна Касами.

Дел од свечената академија беа настапите на младите музичари како и рецитали. Во четвртокот како дел од активностите за одбележување на јубилејот беше отворање на изложбата насловена „Библиотеката низ годините”.