Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Муртезани од амбасадорката Дрекслер и претставници на ГИЗ ја презеде софтверската платформа за Реформската агенда

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска се сретнал со амбасадорката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска се сретнал со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер и со претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

На средбата, како што информираат од Министерството за европски прашања, биле разменети мислења за тековната соработка и за континуираната поддршка што Германија и ГИЗ ја обезбедуваат во процесот на европска интеграција на државата, со посебен акцент на зајакнувањето на институционалните капацитети на Министерството.

По средбата, следувало официјално примопредавање на донацијата на софтверскиот систем за Реформската агенда, со што Министерството за европски прашања добива современо дигитално решение за следење и известување за спроведувањето на Реформската агенда. Како што посочуваат од Министерството, софтверската платформа претставува интегриран систем кој овозможува автоматизација на работните процеси, централизирано управување со податоци, воспоставување на систем за рано предупредување, и подобрена транспарентност и ефикасност во работењето. Платформата е во напредна фаза на подготовка, и ќе следи периодот на тестирање и обуки за корисниците, односно за членовите на структурата за Реформската агенда.

Реклама

-Донацијата е реализирана во рамки на проектот за поддршка на преговарачките структури за европска интеграција и претставува значаен придонес кон унапредувањето на административните и техничките капацитети на Министерството за европски прашања. Со оваа активност се потврдува заедничката посветеност на Министерството, како и на Сојузна Република Германија преку ГИЗ, за успешно спроведување на реформите и за натамошно приближување на Северна Македонија кон Унијата, информираат од Министерството за европски прашања.

Во рамки на разговорите било истакнато значењето на дигиталните алатки за поефикасно управување со реформските процеси и за унапредување на координацијата и следењето на обврските поврзани со европската агенда. Во тој контекст, била нагласена улогата на ГИЗ како стратешки партнер, кој преку конкретни проекти придонесува за модернизација на јавната администрација и за спроведување на конкретни реформи од Реформската агенда.