Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Првите луѓе на МАЕИ на средба со Кастриот Робо, дипломатски советник на претседателот на Република Албанија

Лидерот на  Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на  Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски и потпретседателот Ендрит Фетаху, во претседателската резиденција во Тирана,  остварија средба со Кастриот Робо, дипломатски советник на Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Во фокусот на средбата беа прашања поврзани со улогата и положбата на македонската заедница во Албанија во контекст на процесот на европска интеграција и нејзиниот придонес во градењето на соживотот, дијалогот и општествената стабилност.

Посебен акцент беше ставен  на  актуелните предизвици и потреби на македонската заедница во однос на институционалната застапеност, образованието, културата и локалниот развој.

Реклама

-Разговорот се одвиваше во отворена и конструктивна атмосфера, при што беше истакната важноста на институционалната соработка и почитувањето на принципот на еднаквост и правата на сите заедници кои живеат во Република Албанија, информираат од партијата.