Реклама
Македонија

„Прилепска празнична приказна“ – Општината најавува богата новогодишна програма

Со осумдневна „Прилепска празнична приказна“, облечена во комплетно ново руво, прилепчани ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со осумдневна „Прилепска празнична приказна“, облечена во комплетно ново руво, прилепчани ќе можат да ја дочекаат Новата 2026 година.

Богата музичка програма за сите генерации со домашни артисти, Новогодишен базар на компанијата „Витаминка“, која е и коорганизатор на престојната новогодишна бајка во чест на својот 70-годишен јубилеј, подароци, работно време на Чаршијата прилагодено на потребите на посетителите, се само дел од содржините кои ќе бидат понудени.

„Прилепската празнична приказна“ ќе започне на 24 декември и ќе трае до 1 јануари 2026 година.