Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка, судењето на Сокол продолжува со завршни зборови

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за приватни потреби, пренесе МИА.

На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со изнесување на завршни зборови. Сепак, по барање на јавната обвинителка, рочиштето беше одложено и презакажано за 26 декември.

Како што беше образложено од страна на јавната обвинителка, барањето за одлагање е заради подготовка на завршниот збор, како и поради неодложни обврски во рамки на нејзиното постапување во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). – Барам одлагање заради припрема на завршен збор, воедно имам итна работа во рамките на моето постапување во ОЈО ГОКК кое не трпи одлагање, рече обвинителката.

Реклама

Андов и уште неколку вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Претходно пред Судот тие изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.

Осомничените, како што се наведува во соопштението на Обвинителството, во периодот од март до јули 2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности кои, согласно судските одлуки, не им следувале.