Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац

Во Лесковачкиот културен центар се одржа Свечена академија по повод 21 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Лесковачкиот културен центар се одржа Свечена академија по повод 21 година од основањето на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија и 10 години од воведувањето на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Лесковац и околината, информираат денеска од Националниот совет.

На свеченоста, која се одржала синоќа, присуствувале бројни претставници на институции од Република Србија и Македонија, меѓу кои заменичката министерка за европски прашања Викторија Трајков, заменик министерот за администрација Лазе Јакимоски, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, амбасадорот на Македонија во Србија Никола Тупанчески, советникот на министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, началникит на Јаблсничкиот округ Милош Ќириќ, директорката на Институтот за македонски јазик д-р Елена Јованова Грујовска со бројна делегација од институтот, претставници на македонските здруженија во Србија.

Свечената академија била збогатена со културно-уметничка програма подготвена од наставниците кои ја изведуваат наставата по македонски јазик со елементи на национална култура, а во програмата учествувале повеќе од 50 ученици кои го учат овој изборен предмет во четири основни училишта во Лесковац и околината.