Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Амбасадорката на Украина го посети Кавадарци

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир го посети Кавадарци, информираа вечерва од кабинетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир го посети Кавадарци, информираа вечерва од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

– Денеска во Кавадарци се одржа посебен настан во чест на децата од Украина, кои веќе две недели престојуваат во Михајлово. На настанот присуствуваа градоначалникот Митко Јанчев и амбасадорката на Украина, Лариса Дир. Престојот на децата во Михајлово е овозможен благодарение на поддршката и иницијативата на градоначалникот Јанчев, споделија од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму соопштија дека во текот на својот престој, децата уживаа во спортски активности, културна програма, прошетки, дружење и престој во природа, создавајќи спомени што ќе ги носат долго. 

Реклама

– Ова уште еднаш го потврди пријателството меѓу двете држави и важноста на човечноста, солидарноста и грижата како најцврсти мостови што ги поврзуваат народите. Децата, нивните насмевки и нивната сила, се најголема мотивација, ваквите активности да продолжат. Настанот заврши во дух на благодарност, радост и искрена надеж, дека овие денови ќе останат како топол спомен во нивните срца. Кавадарци останува место што ќе ги пречекува со широко срце и искрено добредојде, истакнаа од градоначалничкиот кабинет.