Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Јаревски: СДСM има проблем, измислува дека ќе има мигранти

Опозицијата има проблем да си дефинира и каде се наоѓа и каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата има проблем да си дефинира и каде се наоѓа и каде се движи, што изјавува, какви тези застапува. Јавноста знае за што се залагаме, на кои принципи почиваме, какви биле нашите активности во изминатиот период и каков е нашиот став по однос на политиката за мигранти.

Но од друга страна имате сериозен договор со Велика Британија, којшто ќе нуди подобро утре за нашите граѓани, серија на проекти коишто ќе бидат направени, коишто ќе помогнат за растот на економијата и ваков начин да се обидувате да спинувате преку вакви квази тези не е ни чудо што некој тоа го цени како блесаво“, истакна Тони Јаревски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Јаревски истакна дека обвинувањата од страна на СДСM се неаргументирани и без факти, и порача граѓаните да бидат спокојни затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи цврсто да стои на своите идеолошки принципи.

Реклама

„Свесно ги избегнуваат фактичките состојби, свесно избегнуваат да се соочат со реалноста, и вие сега да излезете со ваква теза, со вакво обвинување коешто нема никаква теза, неаргументирано, без факти е крајно неодговорно. Доброто е тоа што граѓаните и јавноста се со висок степен на одговорност, прочитани се, ќе добијат уште една казна во првата прилика од граѓаните за ваков неодговорен однос. Ниту една официјална потврда нема, напротив имаше демант, ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на своите идеолошки принципи, на својата идеологија, граѓаните можат да бидат спокојни, ниту ќе ги изневериме нашите принципи, ниту ќе ги изневериме нашите граѓани“, дециден е Јаревски.