Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Невзат Бејта ја достави кандидатурата до ОИК, од ВРЕДИ најавуваат кандидат за посилен Гостивар

Од политичката коалиција ВРЕДИ потврдија дека на повторните избори за градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од политичката коалиција ВРЕДИ потврдија дека на повторните избори за градоначалник на Гостивар нивен кандидат ќе биде Невзат Бејта. Тој денес придружуван од симпатизери и функционери на коалициските партнери, во ОИК Гостивар ги достави документите и официјално се пријави како кандидат на повторните избори закажани за 11 јануари.

Од ВРЕДИ велат дека одлуката дошла по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар.

– Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на чело на општината, наведуваат од ВРЕДИ. Оттаму посочуваат дека Невзат Бејта претставува стабилност, професионализам и визија за континуиран развој на Гостивар.

Реклама

Невзат Бејта синоќа преку објава на социјалните мрежи најави дека во изборната трка на 11 јануари влегува како кандидат на ВРЕДИ. Тој се заблагодари на довербата и најави дека ќе работи за доброто на општината и граѓаните.

– Гостивар е град на сите граѓани. Сите заедно ќе работиме да го градиме и мислам дека ќе имаме голема победа на 11 јануари, за доброто на нашиот град. Како што го гледам расположението на граѓаните од сите националности, тие едвај чекаат да дојде 11 јануари и да славиме победа, рече Бејта.

Неговата предизборна програма се базира на проекти во образованието, инфраструктура и јавната чистота.

Бејта за време на политичката кариера во ДУИ беше пратеник, градоначалник на Општина Гостивар во два наврати (од 2005-2009 и 2013-2017 година). Од матичната партија чијшто беше потпретседател се оддели заедно со Изет Меџити и беа дел од „огнената група“.