Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Град Скопје ја стартува манифестацијата „Украсуваме по скопски“ за празнично разубавување на градот

Градот Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „Украсуваме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови придонесувајќи во разубавувањето на празничниот амбиент на градот за време на Новогодишните и Божиќните празници.

Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, од 9 до 16 часот, во периодот од 11 до 23 декември 2025 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адресата, учесниците можат да ги испраќаат на интернет-адресата[email protected], или на адреса: булевар „Илинден“ бр. 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски“.

Реклама

Градот годинава ќе избере победници во три категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа; најубаво новогодишно украсена тераса од стан и најубави раскази напишани од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија, која ќе биде составена од претставници на медиумите, коишто исто така ќе ги оценуваат и составите на средношколците. Сите заинтересирани медиуми може да пријават свои претставници за членови во жири-комисиите на  следнава интернет-адреса [email protected].

Град Скопје најави дека за најдобрите учесници во сите категории ќе обезбеди соодветни награди, кои ќе им бидат врачени од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.