Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење

Здружението планинарско-спортски клуб „Пелистер“ – Битола, најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението планинарско-спортски клуб „Пелистер“ – Битола, најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво на Македонија, формирано во 1935 година, слави 90 години постоење.

Во рамки на јубилејната програма, вечер во Битола пред планинарите и рекреативците од градот и држава, ќе гостува д-р Сашко Кедев, кој во битолскиот театар ќе ја претстави преентацијата „14х8000 метри“, а в недела на планината Баба ќе биде изведена планинарска пешачка тура.

Во архивите на клубот е забележано дека тој е основан во Битола во 1935 година како Туристичко-планинарско друштво „Пелагонија“, а Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ е негов правен наследник. Како основоположник на македонското национално планинарско движење друштвото ги постави основите на организираното планинарење и скијање во Македонија.

Реклама

Во текот на своето постоење ги изнедри најголемите имиња на битолското и македонското планинарство, меѓу кои и Димитар Илиевски Мурато, кој во 1989 година стана првиот Македонец што го освои Монт Еверест.

Од ПСК „Пелистер” произлегоа многу државни прваци во скијање во сите категории, а неговите планинари стигнаа на највисоките точки од Балканот, односно планинските врвови Мусала, Олимп, Триглав, Пирин, Кораб, Пелистер, Пинд, Боботов Кук, Солунска Глава, но и на највисоките места од Европа и светот, како што се Елбрус, Матернхорн, Арарат, Доломити, Монблан, Аконкагва, Килиманџаро, Врвот на Комунизмот, Хималаите, информираа од ПСК „Пелистер“-Битола.