Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Владата усвои предлог за разрешување на државниот обвинител Коцевски 

Владата на седница денеска усвоила предлог за разрешување на државниот јавен обвинител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на седница денеска усвоила предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и ќе го достави до Собранието.

Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период.

-Причините за оваа иницијатива се јавни познати, и Владата досега повеќепати ги има образложено, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на  институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена – јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните, рече Митева.

Реклама

Предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата, рече, е врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители.

-Поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Неовластено изнесување информации, податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, не постапувајќи согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, рече Митева. 

Како последица на сторените повреди, додаде, во изминатиот период е „евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на истата“.  

-Согласно член 27 став 1 од Законот за Јавното обвинителство, токму јавниот обвинител е одговорен за општите состојби, за организирањето и извршувањето на функциите на ЈО.  Постапувајќи на овој начин, јавниот обвинител Љупчо Коцевски флагрантно ја повреди должноста да го чува угледот на функцијата што ја врши предвидена во член 82 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, информираше владината портпаролка.