Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Селими: Заштитата на јавните обвинители ќе биде приоритет во мојот мандат

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Башким Селими порача дека заштитата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Башким Селими порача дека заштитата на сите јавни обвинители во Македонија и транспарентноста ќе бидат приоритетите во неговиот мандат.

Селими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители, откако добил едногласна поддршка од колегите по предлогот на Зорица Павловиќ. Во својата прва изјава по изборот, Селими се осврна на приоритетите во неговиот мандат, нагласувајќи ја заштитата на јавните обвинители и колективното одлучување.

-Им се заблагодарувам на колегите што ме поддржаа едногласно, предноста за мене е што сум бил и заменик, во континуитет, и одлуките секогаш се носат колективно. Ќе се залагам за сите јавни обвинители во Македонија да бидат заштитени во секоја смисла, изјави новиот претседател на Советот.

Реклама

Тој, исто така, најави дека ќе биде секогаш достапен пред медиумите.

Во однос на Извештајот на Европската комисија за работата на јавните обвинители и евентуалното мешање на другите власти во судската, Селими истакна дека „во делот на ЈО нема забелешки за Советот“ и дека тој дел ќе биде разгледан на седница по што ќе излезат со официјален став. Додека, за евентуалното мешање на останатите власти во судската изјави „Јас ве убедувам дека во СЈОРМ одлуките се носат со мнозинство и никој од колегите никогаш не се пожалил во таа смисла“.

Предлогот за избор на Селими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ и беше поддржан со осум гласови „за“ од вкупно 11 членови. При гласањето имаше три неважечки ливчиња.

За заменик претседател на Советот, Селими ја предложи членката Маријана Илиевска, а предлогот беше едногласно поддржан.

Изборот следи по престанокот на функцијата на претходната претседателка, Душица Димитриеска, поради истек на мандатот на 1 октомври годинава. Ова беше констатирано на 28-та седница на Советот одржана на 30 септември. Тогаш изборот на нов претседател беше одложен поради одржувањето на локалните избори.

На денешната седница, членот Ардијан Демири, при утврдување на дневниот ред, побара одложување на одлуката за избор поради реформските закони кои се во собраниска процедура, пред сѐ поради новиот закон за јавни обвинители, кој се очекува да биде донесен до крајот на декември.

Демири истакна дека 20 дена не би играле улога за комплетирање на Советот и дека донесувањето на новиот закон би им овозможило на членовите од редовите на Собранието рамноправно со другите колеги да кандидираат и да бидат предложени и избрани за претседатели на Советот.

Овој предлог беше поддржан само од четири членови, со што не беше усвоен.