Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Коцевски за Анкетната комисија за трагедијата во Кочани: Лично сметам дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија, бидејќи одредени докази и сведоци можат да се компромитираат

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски смета дека во оваа фаза не треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски смета дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија во Собранието на Македонија за трагедијата во Кочани, бидејќи како што вели одредени сведоци и докази можат да се компромитираат. Коцевски добил и официјално барање од претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши за Анкетната комисија.

-Во однос на формирањето на Анкетна комисија имав и официјално барање од претседателот Гаши и јас писмено се произнесов и она што го кажав во дел од медиумите, за мене лично сметам дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија, бидејќи одредени докази и сведоци можат да се компромитираат, со оглед дека се води судска постапка. Она што беше барање од страна на претседателот на Собранието речиси ги опфаќаше истите оние прашања, што и Јавното обвинителство води постапка, од тие причини сметам дека две паралелни постапки не е целисходно да се водат во овој момент, изјави Коцевски.  

Прашан дали тоа значи дека  истрагата на обвинителството не била целосна и сеопфатна, па сега има Анкетна комисија, Коцевски вели „не би рекол“, а истрагата за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ била сеопфатна.

Реклама

-Не би рекол. Истрагата знаете дека самата беше многу опфатна се ангажираа многу јавни обвинители и донесоа јавна обвинителска одлука против обвинети, кои се и сега се опфатени во самото обвинение. Во однос на ова второто ви кажав дека за полициските службеници следува нова јавно обвинителска одлука, а по однос на останатите лица од Управата за јавни приходи во тек е истрага во Јавното обвинителство со надлежност, вели Коцевски.

Што се однесува за најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека многу наскоро ќе почне постапката за негово разрешување од функцијата Републички јавен обвинител, Коцевски вели дека го дава истиот коментар што го дал и пред неколку месеци, дека е тоа, вели, е нивна политичка одлука.

-Јас и понатаму ќе работам правилно, законито, чесно. Така да околу тој дел нема што да кажам. Јас истото го кажав, сепак тоа е политичка одлука. Согласно важечкиот закон, јас треба да сторам тешка дисциплинска повреда. Тоа Советот на јавни обвинители го констатираше дека од моја страна не е сторена тешка дисциплинска повреда. Понатаму постапката, предлогот оди во Влада, односно Владата може да го достави до Собранието. Тоа не е моја надлежност, рече Коцевски.