Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

СДСМ: Десет дена без одговор

Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна институционална рекција од ДКСК и Јавното обвинителство, се наведува во соопштението од СДСМ.

Првата бомба, фирма со двајца вработени основата минатата година добива 9 милиони евра договори за тендери од владата на Мицкоски, објавена пред 10 дена.

Втората бомба, семејна фирма на Томовски, го чисти Буџетот на граѓаните со 5,5 милиони евра.

Реклама

Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сè е негово. Класичен пример на судир на интереси. На крај, следејќи ја трагата на парите се потврдува дека Томовски е донатор во ДПМНЕ.

Ете како власта преку стари криминални шеми испупува пари од Буџетот кои на крај завршуваат во белата палата. 

Со факти, докази, аргументи овие два скандали се документирани целосно. Поднесена е и претставка до Државната комисија за спречување корупција.

Претседателот Филипче ја повика и европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија за расчистување на скандалот со ИПАРД.

ДКСК и Јавното обвинителство треба да постапат веднаш, да отоврат предмети, истраги и да следува одговорност.

Сите што го прекршиле законот да одговараат.

Антикорупцискиот тим на СДСМ започна и нова фаза во борбата против корупцијата и криминалните шеми на власта на ДПМНЕ и ние продолжуваме, следуваат нови бомби, нови докази.

Работата се уште не е завршена.