Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

На Попова Шапка од 5 до 7 декември, 43 волонтери создадоа нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Попова Шапка од 5 до 7 декември, 43 волонтери создадоа нови 243 статии на македонски јазик за глобалната интернет енциклопедија Википедија за време на одржувањето на седмиот по ред Вики-камп на темата „Занаети во светот”.

Преку создавање статии, дискусии и предавања, не само што ја збогатуваа Википедија, туку учесниците имаа можност и да дознаат повеќе за занаетчитството преку едукативни предавања, информираат од Викимедија МКД, невладина организација која се занимава со умножување на слободни содржини и единствен македонски огранок на Фондацијата Викимедија.

Предавања одржаа м-р Ненад Шундовски, координаторот за ГЛАМ програма на Викимедија МКД, Орце Нинески како и Лили Арсова, координатор на Вики клуб Велес. Свои обраќања имаа и претседателот на здружението, м-р Николче Стојаноски и извршниот директор на Викимедија МКД, Снежана Штрковска.

Реклама

-Оваа иницијатива има за цел да ја збогати содржината на Википедија на македонски јазик, како и да ги едуцира младите во користење и придонесување кон слободните енциклопедиски знаења. Кампот е само една од поголемиот број проекти и настани кои ги организира Викимедија МКД, невладина организација која се занимава со умножување на слободни содржини достапни за секого, изјави Штрковска.

Викимедија МКД еднаш годишно организира Вики-камп. Како дел од глобалната Фондација Викимедија со седиште во Сан Франциско, Викимедија МКД ги користи своите волонтерски капацитети за да создаде за читателската публика што поголем број бесплатни и добропотврдени енциклопедиски содржини.