Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Честитка од претседателот на Социјалистичката партија по повод празникот Св. Климент Охридски

Вековното чествување на Свети Климент Охридски, основачот на Охридската Книжевна школа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вековното чествување на Свети Климент Охридски, основачот на Охридската Книжевна школа и обмислувачот на кирилското писмо и старословенската култура е долг на македонскиот народ кон неговото дело, додека самото одбележување на празникот претставува настан од големо значење и за европската култура и цивилизација, вели претседателот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски во честитката.

Св.Климент Охридски, патронот на нашата древна Македонска православна црква-Охридска архиепископија, макотрпно работејќи на образовното, моралното, етичкото и духовното издигнување на народот на Македонија, кај луѓето ги всадувал позитивните навики на срцето – солидарноста, трудољубивоста, гостопримството, трпението, разбирањето, милоста …

Визијата на Свети Климент Охридски, подеднакво на светогледот на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет е вградена во темелите врз кои денес опстојува современото општество.

Реклама

Делото на Св.Климент Охридски е историски тежок товар, но и голема гордост за македонскиот народ, затоа и со право го славиме Светецот и наш заштитник чие духовно, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Мисијата на нашиот учител и заштитник Св.Климент Охридски е должна за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност претставува обврска за сите.

Вековното чествување на Свети Климент Охридски, основачот на Охридската Книжевна школа и обмислувачот на кирилското писмо и старословенската култура е долг на македонскиот народ кон неговото дело, додека самото одбележување на празникот претставува настан од големо значење и за европската култура и цивилизација.

Св.Климент Охридски, патронот на нашата древна Македонска православна црква-Охридска архиепископија, макотрпно работејќи на образовното, моралното, етичкото и духовното издигнување на народот на Македонија, кај луѓето ги всадувал позитивните навики на срцето – солидарноста, трудољубивоста, гостопримството, трпението, разбирањето, милоста …

Визијата на Свети Климент Охридски, подеднакво на светогледот на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет е вградена во темелите врз кои денес опстојува современото општество.

Делото на Св.Климент Охридски е историски тежок товар, но и голема гордост за македонскиот народ, затоа и со право го славиме Светецот и наш заштитник чие духовно, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија. Мисијата на нашиот учител и заштитник Св.Климент Охридски е должна за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност претставува обврска за сите.

Честит и благословен да е празникот на нашиот велик и свет учител, Свети Климент Охридски да штити и да нѐ води кон мир, достоинство и духовна сила!