Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Кузеска: Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција поврзани со Ивица Томовски

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски. Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во 2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. 

По објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излезе Томовски и вели да му се извиниме.

Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! И Арсовски бараше извинување па сега никаде го нема, молчи.

Реклама

Ние се бориме против криминалот и корупцијата и продолжуваме.

Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ.

Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и овој број: 078-362-710.

Го проверивме овој број и  погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски.

Не дека ова беше неопходно за да потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко 

Витомир ниту пак со неговиот роднина Кутановски кои се во оваа фирма. 

Затоа, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство мора да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.

Кој сега ќе се извинува Томовски?

Само на граѓаните може да им се извините! Но ќе дојде и тоа, кога ќе одговарате, сите до еден!

Работата не е завршена!