Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Тошковски доби опомена од „Безбеден град“, вели дека системот важи за сите

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сообраќаен прекршок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“ – и тоа за надминување на брзината за само 1 км/ч. Прекршокот бил регистриран додека со приватно возило патувал кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес. Тошковски наведува дека токму овој случај најдобро ја илустрира суштината на системот: законот да важи подеднакво за сите.

„Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани,“ порача министерот.

Тој додаде дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека ваквиот пристап гради доверба, дисциплина и поголема безбедност на патиштата.

Реклама

Според Тошковски, целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку воспоставување ред и спасување човечки животи, особено во време кога бројот на жртви во сообраќајот е загрижувачки висок.

„Државата ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи нè и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување,“ истакна министерот.