Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Општина Берово исплати повеќе видови финансиска поддршка за граѓаните

Градоначалникот на Општина Берово Петар Ружински денеска ја информираше јавноста дека општината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Берово Петар Ружински денеска ја информираше јавноста дека општината ја реализирала исплатата на повеќе категории финансиска поддршка, насочена кон учениците, студентите, младите лица, семејствата со новороденчиња и лицата со попреченост, нагласувајќи дека овие средства се важен дел од локалната политика за подобрување на условите за живот и создавање еднакви можности во заедницата. 

Во својата објава на Фејсбук, Ружински посочи дека општината исплатила 30.000 денари за првенец на генерација, 49.000 денари за новороденче, 40.000 денари за млади лица за полагање возачки испит Б категорија, 20.000 денари за лица со попреченост, 66.000 денари за студенти, истакнувајќи дека секоја од овие мерки има своја специфична улога во поддршката на граѓаните и во создавањето подобра перспектива за младите и ранливите категории

– Со овие средства даваме јасен сигнал дека вложуваме во иднината на нашите млади, во поддршката на семејствата и во создавање услови за подостоинствен живот на сите граѓани, рече Ружински, додавајќи дека општината ќе продолжи со континуирани активности насочени кон развој, рамноправност и одржлив напредок. 

Реклама

Тој нагласи дека ваквите програми ја зајакнуваат заедницата, создаваат поголема инклузивност и покажуваат дека локалната самоуправа останува силно посветена на своите граѓани, истакнувајќи дека Берово ќе продолжи да гради средина во која секој има поддршка и можност за развој.