Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски, се наведува во соопштението од  Општина Илинден.

На состанокот, новото раководство на клубот го информираше градоначалникот за новите планови и цели во наредниот период, а тој им посака успех во понатамошната работа.

Во знак на благодарност, претседателот на ФК „Илинден“, на градоначалникот му подари симболичен подарок – дрес со неговото презиме, симболично означувајќи ја новата фаза на партнерство меѓу општината и клубот.

Реклама

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе остане посветена на поддршката за развој на спортот и спортските клубови на територија на општина Илинден.