Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача денеска вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на отворањето на Националнатата конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје. 

Патната инфраструктура што ја креираме, Николоски рече дека мора да биде безбедна по дизајн со цел да ги минимизира ризиците и да понуди услови за безбедно движење за сите. 

Николоски на конференцијата ги наброја стратешките проекти на Министерството за транспорт во насока  на постигнување безбедност во сообраќајот,  посочувајќи дека во Националната транспортна стратегија 2018–2030 поставена е амбициозна цел  за намалување на бројот на загинати лица на патиштата за 50 проценти до 2030 година. 

Реклама

Се унапредува, како што рече, националната регулатива за безбедни патишта преку измена на законски решенија, се соработува со општините за развој на локални проекти, а меѓу останатото изработен е Правилник за велосипедска инфраструктура. 

Николоски најави дека следната година на Коридор 10 треба да се примени Интелигентен транспортен систем за што веќе завршува тендерот, како и дека се работи на слична апликација за  таков систем  на Коридор 8.

– Сето ова бара многу време, посветеност и финансии, но најважно од се координација и пред се подобрување на  културата кај граѓаните, се соочуваме со феномен со кој сите се за почитување на законот се додека законот не се однесува на нив, рече Николоски.

Апелира сите да се насочат кон долгорочни цели и истакна дека спасувањето на човечките  животи нема цена.

Конференција продолжува со обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски  и директорот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Горан Ангеловски.