Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

На Универзитетот „Мајка Тереза“ пристап до информации и услуги преку виртуелен асистент

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска презентираше виртуелен асистент базиран на вештачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска презентираше виртуелен асистент базиран на вештачка интелигенција – иновативна алатка за студентите и наставниот кадар која ќе им овозможи поддршка и насоки за сите академски и административни прашања поврзани со Универзитетот.

Со користење на виртуелниот асистент, именуван „Мајка Тереза“ и поставен на веб-страницата на универзитетот, тие ќе имаат побрз пристап до информации, поефикасна комуникација, подобра ориентација низ универзитетските услуги и полесна употреба на академските платформи. 

Ректорот Беким Фетаји рече дека алатката се активира со посета на нивната веб-страница, исто така и преку мобилен телефон, и може да се постави какво било прашање поврзано со Универзитетот „Мајка Тереза“. Засега е достапна на албански и на македонски, а во иднина ќе содржи и информации на англиски јазик. Во процес на доработка е и опција за комуникација како со вистинска личност односно корисникот ќе може да се јави и да се слушне со виртуелниот асистент.

Реклама

-Во моментов алатката се надоградува, проверува се што има на веб-страницата како информација, а бидејќи има специфични прашања кои во моментов може да не се наоѓаат како информации на страницата, и сите тие неодговорени прашања администраторот ќе ги постави подоцна и ќе одговара на секое од нив. Така што, со текот на времето самата база на податоци ќе се зголемува и информациите што ќе ги дава ќе бидат поопсежни и подетални. Освен обичен чет, отвора и ПДФ-документ, академскиот календар, регистрацијата за испити и роковите за нивно пријавување итн., посочи Фетаји.

Виртуелниот асистент го креирале самите односно тим од нивниот Факултет за информатика и, рече, се отворени за поддршка и да им помогнат на други јавни високообразовни институции кои сакаат да создадат ваква алатка. 

Студентите и академскиот кадар присутни на презентацијата директно  комуницираа со виртуелниот асистент поставувајќи прашања со што практично беше тестирана функционалноста на алатката.

Универзитетот „Мајка Тереза“ има осум факултети и 32 студиски програми. Во учебната 2025/2026 во прва година се запишале 1055 студенти и настава, по нивни избор, следат на три јазици – македонски, албански и англиски.