Реклама
Свет

Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судскиот процес против него за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара помилување во судскиот процес против него за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара помилување во судскиот процес против него за корупција. Барањето е доставено до претседателот на државата Исак Херцог, а во писмото се наведува дека кривичните постапки го попречуваат неговиот капацитет да владее. Помилувањето, како што посочува Нетанјаху, би било од национален интерес „за доброто на државата“.

Тој потенцира и дека негов личен интерес било да ја докаже својата невиност во тековното судење, но јавниот интерес, како што вели, диктира поинаку.

„Соочен со безбедносните предизвици и дипломатските можности што моментално се наоѓаат пред државата Израел, посветен сум да направам сè што е во моја моќ за да ги залечам поделбите, да постигнам национално единство и да ја вратам довербата на јавноста во државните институции. Очекувам сите гранки на власта да го сторат истото“, порача Нетанјаху.

Реклама

Нетанјаху, чијшто судски процес започна на 24 мај 2020 година, е првиот израелски лидер кој сведочи како обвинет. Тој, исто така, се соочува со обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото за неговите напади врз Газа по масакрот на Хамас на 7 октомври 2023 година, а Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење за него и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант во ноември 2024 година за злосторства во Газа, каде што речиси 68.000 луѓе, претежно жени и деца, се убиени од октомври 2023 година.